Пожарот кој повторно се активираше во граничниот појас кај селото Бајково на македонско-бугарската граница во општина Ново Село е изгаснат, информираа од ТППЕ Струмица. Во гаснењето на пожарот на овој предел учествуваа и авиони од Дирекцијата за заштита и спасување изминативе денови
Беше зафатена ниска деградирана шума со трева на повеќе од 15 тина хектари. Во гаснењето на пожарот учествуваат екипи на Гранична и Шумска полиција, општина Ново Село, Шумското стопанство „Беласица“, ТППЕ Струмица и Противпожарниот дом од Ново Село.
Надлежните апелираат да не се палат огнови на отворено а сеуште важи и забраната за движење во шуми