• Fri. Nov 22nd, 2024

Поевтинуваат горивата од вечерва на полноќ

ByВане Трајков

Sep 14, 2020

Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите, намалени малопродажни цени на горивата. Во согласност со методологијата за пресметка на цените, од вечерва малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 2.93%.

Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуват за еден денар по литар, и овие горива ќе чинат по 58.50, односно 60.50 денари за литар.Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за 1.50 денари за литар, па еден литар дизел гориво ќе чини 49.00 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечева на полноќ и ќе важат до следната рекалкулација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *