Подобрувањето на тунелското осветлување во подземната сообраќајница на плоштадот „Гоце Делчев“ овозможува поголема безбедност во сообраќајот.
Извршена е замена на сите дотраени тела и поставени се нови 93 светилки за тунелско осветлување изработени во ЛЕД технологија, 131 странични катадиоптри за означување на правец на движење и извршена е замена на 24 панични светла во случај на прекин на напојувањето.
„Продолжуваме уште посилно за подобар живот во нашата Струмица“, стои во натписот на градоначалникот Костадинов.