• Fri. Nov 22nd, 2024

Поднесено обвинение против експретседателот на ДИК Дерковски

Поднесено обвинение против експретседателот на ДИК Дерковски.

Против поранешниот претседател на Државната изборна комисија (ДИК) Оливер Дерковски и уште тројца вработени во ДИК денеска е поднесено обвинение за кривичното дело Злоупотреба на службена положба и овластување, соопштија од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Станува збор за набавката на софтвер за резултати од изборите од економскиот оператор ДУНА. Според обвинението, обвинетите И.Ќ., А.А. и А.Ш. вработени во ДИК, како членови на Комисијата за јавни набавки, во периодот од февруари до септември 2020 година неизвршувајќи ги своите службени должности при спроведување на постапката за јавна набавка на софтверот за изборите, не го почитувале минималниот законски рок за поднесување понуди, не утврдиле дека економскиот оператор ДУНА ДОО Скопје не ги исполнува условите за учество во постапката и притоа не спровеле правилна постапка за евалуација на доставените понуди, туку понудата ја оцениле како прифатлива и доделиле максимален број на бодови.

Потоа, врз основа на извештајот од спроведена постапка, првообвинетиот Оливер Дерковски, како претседател на ДИК, без да изврши контрола на постапката за евалуација на понудите, донел одлука за избор на најповолен понудувач.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *