Општина Босилово ја покажува својата поддршка и грижа кон фолклорот и традицијата преку иницијативата за отворање на школа за традиционални музички инструменти во Штука, каде се вклучуваат гајда, кавал, тапан и други инструменти.
Потпишан е и Меморандум за соработка, а проектот ќе биде реализиран во соработка со УСАИД, ЛАГ Беласица- Огражден, КУД „Кирил и Методиј“ – Иловица, приватни компании, итн.
Рокот за реализација на проектот е 60 дена.