Во рамки на Вториот јавен повик за имплементација на проекти од значење на граѓаните преку ReLOaD2 Програмата, финансирана од Европската Унија и имплементирана од УНДП и Општина Гевгелија, Здружението на граѓани „Поддршка“- Гевгелија е добитник на грант за спроведување на Проектот „Еднакви права за сите“.
Проектот, којшто ќе се имплементира во периодот 1 јуни 2023 г. – 31 мај 2024 година, е со цел да се подигне јавната свест, препознавање и соодветен одговор и третман на родово-базираната дискриминација во општина Гевгелија, од причини што бројот на пријавени случаи на семејно насилство во институциите расте и родовото базирано насилство е секојдневие како во светот, така и во нашата земја. А, најголем е процентот на жените кои се жртви на семејно насилство- 80%.
Во таа насока, ќе бидат организирани работилници, на кои покрај претставниците од релевантните институции, Здружението ќе се работи и со младата популација на возраст од 15 до 18 години заради запознавање на законската регулатива, препознавање и превенција на секаков вид насилство на дискриминација, како и развивање механизми за заштита на младите во училишната средина и надвор од неа. Во Проектот, се опфатени и лицата со посебни потреби.