Македонската публика утре со почеток од 20:45 часот ќе има можност да ја бодри сениорската репрезентација во првиот квалификациски натпревар за Европското првенство 2020 година.
Противник ќе ни биде Летонија, а мечот ќе биде одбележан од јубилејот на Горан Пандев. Капитенот на нашата селекција ќе го запише 100-от настап во националниот дрес, а истиот посака да го зачини со победа и почетни три бода.
Вечерва како што пренесе порталот Екипа од своите колеги соиграчи Пандев доби подарок