Повеќе од 2000 струмичани се потпишале против промена на името. На пунктот кој е поставен на градскиот плоштад по иницијатива на Здружението „Бранители 2001“, веќе осум дена се собираат потписи за непромена на името. Организаторите велат дека бројката е незадоволителна, и се надеваат дека во наредните денови граганите ќе излезат помасовно и ќе го дадат својот потпис и своето несогласување за промена на името.
Целта на иницијативата „Не за промена на името„, е како што велат организаторите, да не се промени името Македонија и да не се изгуби идентитетот и историјата на нашата Република.
Потписи против промена на името се собираат и во други градови низ државата, велат од Здружението „Бранители 2001„, Струмица.