• Sun. Nov 24th, 2024

Повеќе од 1.000 монети со археолошка вредност пронајдени кај ексградоначалникот на Кавадарци

Повеќе од 1.000 монети со археолошка вредност биле пронајдени кај ексградоначалникот на Кавадарци, Александар Панов.

Како што неофицијално дознаваме, полицијата денеска извршила претрес во домот на поранешниот градоначалник и ги пронашала монетите кои биле пронајдени на разни локалитети во Македонија.

Во 2017 година Панов беше осуден на два месеци затвор и му беше одредена парична казна од 25.000 денари за изборен поткуп за време на изборите во 2016 година. Панов за време на предизборието нудел поткуп од по 1.000 денари за гласање во корист на ВМРО-ДПМНЕ.

извор:makfax

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *