Учениците – членови на победничкиот тим од СОУУД „Димитар Влахов“ под менторство на професор Ивана Петров Ѓоргиева, кои деновиве со кренати глави се вратија од Меѓународниот натпревар во готвење “Black Sea Fish Festival”, одржан во Констанца, Мамаја, Република Романија денеска беа на гости во кабинетот на градоначалникот Костадинов.
„Го имав задоволството да им честитам на учениците од угостителско туристичката струка кои, во голема конкуренција од стотина учесници од повеќе земји од светот, успешно го застапуваа своето училиште, својата општина и својата татковина.
Прекрасно е чувството да им се стегне рака на освојувачите на златниот медал: Ива Сретеновиќ, Сара Цекова и Михаил Анастасов, на „сребрената“ Камелија Ристова, како и на сите кои ја понесоа големата „Black Sea Fish” награда за најдобар тим, а се разбира и на наградената менторка.
Не ја пропуштив можноста да им кажам колку се гордеам со нив, но и на мојата безрезервна одлука финансиски да го поддржам нивното учество на натпреварот“, кажа Костадинов.