Градоначалникот Костадинов денес во својот кабинет изврши прием за учениците – добитници на награди на глобалниот хакатон „NASA Space Apps Challenge“, поддржан од страна на вселенската агенција НАСА, кој неодамна се одржа во Средното општинско училиште „Димитар Влахов“ во нашиот град.
„Им честитав на учесниците за освоените награди посакувајќи им понатамошни успеси, како и на организаторите од СОУУД „Димитар Влахов“, а тие ме запознаа со белезите и текот на одржаниот натпревар, споделувајќи ги со мене нивните импресии од истиот“, истакна градоначалникот.
Инаку, Струмица, со повторното учество на овој хакатон, беше дел од глобалната мапа на која се наоѓаат над 160 земји учеснички, а Општина Струмица и овојпат финансиски го поддржа неговото одржување.