Грчкиот стратег Власис Влаикидис веќе не е тренер на првиот тим на КК Струмица. По шестте порази Влаикидис си поднел оставка а управата на клубот ја прифатил по што на тренерската позиција го назначил досегашниот помошник и асистент на Влаикидис- Васко Атанасов
Васко Атанасов е млад тренер со ФИБА лиценца и ќе има за задача веќе во Битола да ја оправда довербата на управата и да ја донесе првата победа на КК Струмица за ова сезона. Атанасов минатата година работеше во КК Јуниор во Скопје а претходно го водеше молдавски Адмиралс.
КК Струмица остана и без услугите на крилниот играч Антонио Бишоп чија повреда била посериозна од оние првични очекувања.
Струмичкиот кошаркарски прволигаш ова сезона нема победа а разочарувањето стаса откако на свој терен беше надигран од ославениот Кожув од Гевгелија