Здружението „ПРОАГРО ФАРМЕРИ“ и Општина Струмица на 21-ви октомври со почеток од 11:00 часот по трет пат организираат „АГРО САЕМ Струмица 2023“.
Учество на саемот ќе земат 150 изложувачки од земјава и странство. Ќе има 40 стандови на храна, 40 штандови на мед, трактори и приклучна механизација, ѓубрива и заштитни средства и богата културно уметничка програма.
Ова ќе биде одлична можност производителите да ги промовираат своите најнови производи, како и да се поврзаат меѓусебно како деловни партнери.