По Струмица и Валандово го вклучува алармот.Струмичката болница за помалку од 5 години останува без 23 лекари специјалисти.
Од Здружението на интернисти од земјава укажуваат дека состојбата со бројот на лекари – специјалисти интернисти во Македонија станува загрижувачка, посебно во источниот регион каде бројот на интернисти драстично се намалува.Од раководството на болницата велат дека се свесни за дефицитот не лекарите.
Неколку градови како Берово, Пехчево и Македонска Каменица веќе немаат интернисти, а ако се следи просекот на возраста тогаш многу веројатно истото ќе се случи и со другите градови како Делчево, Радовиш, Валандово, Богданци и Кочани, каде токму во овој град веќе има најава за напуштање на тројца интернисти од општата болница.
И покрај тоа што во изминатите години Здружението на интернисти одржа голем број на стручни состаноци како наша обврска за повисока стручност и лично стручно усовршување, лошите политики во здравството доведоа до ситуација каде ваквите напори тешко ја достигнуваат својата цел и доведоа да се наруши довербата помеѓу нас и пациентите“, велат од Здружението на интернисти.
Интернистите од регионот испратија и апел до Министерството за здравство за унапредување на условите во кои работат специјалистите интернисти и будно да се следи структурата на здравствената мрежа која од ден во ден го менува својот карактер, најмногу во насока на недостаток на интернисти.