По неколкугодишна пауза во Гевгелија годинава ќе се одржи Интернационалниот детски музички фестивал „Калинка“ кој соевремено беше музички белег на ова општина а на кој настапуваа голем број деца. Фестивалот ќе се одржи во мај и тоа во две вечери, на 19 и 20 мај кога се планира да настапат 20 тина млади пејачи а на 21 мај предвидена е и голема денска забава на плоштадот во Гевгелија.