• Fri. Nov 22nd, 2024

По втор пат „Симулација на седница на Советот на општина Струмица“

Ученици од средните училишта во општина Струмица по втор пат ќе бидат во улога на членови на Советот на општина Струмица и ќе симулираат седница на Советот.
Здружението за локална демократија ЦЕНТАР НА ЗАЕДНИЦАТА НА ОПШТИНА СТРУМИЦА Струмица го организира настанот „Симулација на седница на Советот на општина Струмица“ на 31.05.2017 г. (среда) со почеток во 12 часот во салата на Советот на општина Струмица во Дом на АРМ – Струмица.
Оваа активност е во соработка со четирите средни училишта во општина Струмица и Советот на општина Струмица, а е дел од програмските активности на Центарот на заедницата на општина Струмица, во рамки на проектот Институционална поддршка за 2017 г., финансиски овозможен од Фондација Отворено општество – Македонија.
Целта на симулацијата е да се запознаат младите со функциите, улогата и работата на Градоначалникот, Советот на општината и процесот на донесување одлуки на локално ниво, како и облиците со кои граѓаните непосредно учествуваат во одлучување за прашања од локално значење.
Настанот е од отворен тип и на него може да присуствуваат сите заинтересирани граѓани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *