Струмичани синоќа уживаа во македонските евергрини испеани од наши домашни изведувачи и во инструменталните вештини на гитаристите на професорот Васко Пиличев. „Летната школа за гитара“ е веќе препознатлив белег на нашиот Струмица опен фестивал, а годинава славеше и 10 години јубилеј.
- „Нашето си е наше и од него поубаво нема!“ – истакна градоначалникот Костадин Костадинов и упати честитки за сите учесници на концертот кои на струмичани им подарија вечер за паметење.