• Sat. Nov 23rd, 2024

Плата само за преживување, за храна и сметки

Само за храна и сметки граѓаните  трошат над половина од својата плата. Според податоците од Државниот завод за статистика за минатата година, во просек 43,1% од месечната заработка се трошела за храна и безалкохолни пијалоци, додека за комуналните сметки се одвојувало 10,8% од приходите.

За споредба, Хрватска е една од земјите членки на Европската Унија, каде за храна се троши најмногу од семејниот буџет. Додека Македонците трошат скоро половина, Хрватите за храна трошат околу една четвртина од месечната заработка, додека европскиот просек се движи околу 12%.

Инаку, околу 8% од месечната заработка Македонците ја освојувале за отплата на кредити.
Најмалку од месечниот буџет се одвојува за образование и културни активности.

Статистиката покажува дека лани трошоците на живот се зголемиле за 0,8 процентни поени споредено со претходната година. Најголем пораст на цените има кај храната, сите видови пијалоци и тутунот, а намалување на трошоците е регистрирано кај облеката, обувките, превозот и домувањето.

Според последните податоци, на едно просечно четиричлено семејство месечно му се потребни 33.487 денари за задоволување на основните животни потреби.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *