Облечени во маици со ликот на Трајковски, планинари од Струмица, Радовиш Валандово, Гевгелија и Штип тргнаа пеш за Скопје за да му оддадат почит на својот сограѓанин и претседател Борис Трајковски кој загина во авионска несреќа кај Мостар. Во наредните четири дена тие ќе пешачат 200 километри за да стигнат на 26-ти февруари на неговото почивалиште во Бутел. Станува збор за традиционален планинарски марш кој го организира планинарското друштво „Ентузијаст“ од Струмица со цел да не се заборави ликот и делото на Трајковски. Паралелно организираат и искачување на врвот Ботра на планината Беласица.Организаторите и планинарите се надеваат дека во иднина на овој традиционален марш посветен на Борис Трајквоски ќе се приклучат и млади лица за да не се заборови ликот и делото на Трајковски.