Незадоволен од постигнатите резултати во есенската полуетапа, првиот човек на клубот Славчо Васков Пинда најавува чистка и ремонт во Беласица. По раскинувањето на соработката со досегашниот шеф на стручниот штаб Марјан Живковиќ, Пинда во разговор за ВИС Спорт истакна дека во ,,чистката,, ќе бидат опфатени и играчи, кои во овој дел од првенството не се докажале со нивниот ангажман на теренот.
„Деновиве ќе објавиме кои играчи ќе заминат од тимот. ФК Беласица не заслужува да биде на дното од прволигашката табела. Има фудбалери кои не го покажаа она што го барвме од нив во ова полусезона. Ова недела ќе излеземе со официјални информации. Што се однесува до Живковиќ го разрешивме пред се заради слабите резултати. Точно е дека преговараме со Наџи Шенсои но конкретен договор немаме бидејки разговараме и со други фудбалски имиња кои може да застанат на кормилото на Беласица,, ни изјави Васков-Пинда
ФК Беласица од 18 настапи во Првата фудбалска лига на Македонија има само 4 победи 5 нерешени исхода и 9 порази и со 17 бода се на последната позиција. Меѓу другото струмичките сино бели и се меѓу најслабите во реализацијата
Единствена светла точка за ФК Беласица е можниот пробив во полуфиналето во Купот доколку во среда на Младост ја потврди победата над Силекс во Кратово од првиот меч каде има предност од победа изразена со 2:0