Грчката ватерполо федерација соопшти дека има петмина заразени со КОВИД – 19 во својот национален тим.
Поради ова сите активности на машката и женската репрезентација се откажани, а за останатите играчки ќе следува тестирање во текот на денешниот ден.
Заразените играчи се во самоизолација.
Грција требаше да биде дел од ХЕП – купот во Хрватска на крајот на август, а покрај Хрватска и Грција учествуваат и Италија и Црна Гора.