Бројот на заразени со коронавирус во Перу надмина 240.000, со што оваа јужноамериканска земја ја премина Италија по бројот на заболени, објавија властите.
Перу е на второто место по број на потврдени случаи на коронавирус во Латинска Америка, зад Бразил, а на седмото место во светот.
Во средата беа регистрирани уште 3.752 нови случаи на коронавирус, што е повеќе од половина помалку отколку на 31 мај, кога беше забележан врв на пандемијата.
Повеќе од 7.000 граѓани починале како резултат на вирусот, информираа перуанските власти.
Северна и Јужна Америка станаа епицентар на глобалната пандемија на коронавирусот, со регистрирани скоро четири милиони инфекции и 204.000 смртни случаи.
Перу, Чиле и Бразил се особено погодени во последните неколку недели.
извор: makfaks