• Tue. Nov 26th, 2024

Пендаровски и Гир разговараа за предизвиците во преговарачкиот процес со ЕУ

ByВане Трајков

Jul 28, 2022

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, амбасадорот Дејвид Гир. На средбата беше разговарано за натамошниот тек на евроинтеграцискиот процес на Република Северна Македонија и фазите што престојат во реализацијата на пристапните преговори за членство во Европската Унија, соопшти кабинетот на шефот на државата.

Во тој контекст, претседателот истакна дека сите институции ќе вложат максимални напори со цел успешно спроведување на скрининг процесот кој започнува во септември.

Претседателот Пендаровски се заблагодари за поддршката од евроамбасадорот Гир и изрази очекување дека соработката со Делегацијата на Европската Унија во земјава успешно ќе продолжи и во текот на целокупниот преговарачкиот процес.

На средбата беа разменети и мислења за можните предизвици во преговарачкиот процес, прашањата што се очекува да бидат најактуелни во преговорите, како и за конкретните придобивки од процесот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *