• Wed. Nov 27th, 2024

Пациент со Паркинсонова болест може да се движи благодарение на ‘рбетен имплант

ByЃ. K.

Nov 16, 2023

Паркинсоновата болест предизвикува прогресивно губење на невроните кои произведуваат допамин. Околу 90% од пациентите со напредната Паркинсонова болест имаат потешкотии при одење. Конвенционалните третмани, како што е лекот Леводопа, може да ги подобрат симптомите, но не можат целосно да ја вратат нормалната подвижност.

Првиот пациент што прими имплант на ‘рбетниот столб за лекување на напредната Паркинсонова болест, по третманот може повторно да оди. Марк Готје (63) од Бордо, Франција, е првиот човек со Паркинсонова болест кој го проба овој имплант. Тој изјави дека имплантот му дал втора шанса во животот.

„Сега ми е лесно да одам до лифтот. Претходно се чинеше невозможно. Сега имам проблем. Јас го активирам имплантот наутро, а го деактивирам навечер. Ова ми овозможува подобро да одам и да се стабилизирам. Сега веќе не се плашам да одам по скалите. Секоја недела одам на езеро, и пешачам до 6 километри. Тоа е неверојатно“, вели Марк.

„Практично веќе не можев да одам без да паднам неколку пати на ден. Во некои ситуации, како што е влегувањето во лифт, се замрзнував на своето место, воопшто не можев да се движам“, рекол Готје, а пренесува „Гардијан“.

Стимулаторот се наоѓа во средината на ‘рбетниот мозок, и испраќа пораки до мускулите на нозете.

Овој проект е соработка помеѓу Швајцарскиот институт за технологија со седиште во Лозана, болницата и универзитетот во градот, како и Францускиот институт за здравствени и медицински истражувања и Универзитетот во Бордо.

Професорот Грегоар Кортин рече дека е потребно повеќе за да се види дали тоа може да им помогне на другите пациенти со Паркинсонова болест.

Тимот сега ќе го тестира уредот на уште шест пациенти со Паркинсонова болест.

By Ѓ. K.