Синоќа на патот Берово – Струмица излета патничко моторно возило при што се повредени четири лица од струмичко, информираше МВР. Незгодата се случила на местото ,,Преведена”. Од засега непознати причини возилото марка ,,ауди” управувано од жител од Радово излетало од патот.
На 05.09.2021 во 20.40 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Берово-Струмица, на место викано „Преведена“, патничко моторно возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки, управувано од И.Г.(39) од Радово, излетало надвор од коловозот. Во незгодата возачот и тројца сопатници Н.С.(37) од с.Просениково, М.А.(39) од Струмица и В.М.(37) од с.Добрејци, се здобиле со повреди констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Берово.