Општина Василево почна да гради нови улици во населеното место Градошорци. Едната во должина од 200 метри а другата од 150 метри. Улиците од бехатон се во т.н. Чифлик маало и на влезот од селото и во наредниот период се очекува да бидат готово. За двете улици општината ќе потроши околу милиони 500 илјади денари
,, „Имајќи ја во предвид моменталната состојба на локалните улици и патишта низ населените места, локалната патна инфраструктура уште долго време ќе биде на агендата односно на приоритетната листа на општина Василево. И покрај лошата финансиска состојба во која се наоѓа општина Василево, ние како локална самоуправа мораме да балансираме; ем да ги враќаме долговите по основа на кредити и долгови кон приватните фирми кои биле изведувачи на одредени активности низ населените места, ем да сработиме нешто во корист на своите граѓани“, изјави градоначалникот Јанев кој најави асфалтирање на улица и во Пиперево од 300 метри а толкава ќе биде должината и на улицата во Василево од поштата до повеќенаменското игралиште која е во завршна фаза