Партиски извори тврдат дека ВМРО-ДПМНЕ победува во петте општини во Југоистокот.
Извори за Тв канал ВИС велат дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Ацо Ристов победува во Радовиш. Во водство според истиот извор се и Ѓорге Божинов во Ново Село, Златко Ристов во Конче, Славе Андонов во Василево и Андон Сарамандов во Гевгелија.
На социјалните мрежи веќе се гледаат фотографии и псотови за поддршка на кандидатите, а на некои и им се честита победа.
Во Гевгелија активисти на ВМРО-ДПМНЕ веќе прославуваат низ улиците на градот.