Фудбалерите на Академија Пандев не се пласираа во големото финале од КУПОТ на Македонија. Пенал завршницата одлучи за противникот на тетовска Шкендија за 9 мај а тоа е Пелистер од Битола.
Инаку натпреварот заврши со 2:1 за пандевци, резултат идентичен во првиот дуел. Пелистерци поведоа но Aкадемијата преку Јани Атанасов и Марио Крстевски донесоа пресврт
Во првата серија од пет пенали епилогот беше 2:2 иако Марио Крстевски ја имаше можноста да го обезбеди финалето.
Во продолжение Дориев промаши но Истатов одбрани во шестиот круг. Во следниот Атанаскоски не успеа да постигне гол од белата точка а Ристе Маркоски донесе победа од 3:2 во пенали за битолчани
Пандевци доколку славеа победа ќе испишаа историја но ќе им се насмевнеше и фудбалска европа.