Фудбалерот Кристијан Стојкоски кој во есенскиот дел настапуваше за Шкупи од Чаир, потпиша договор за Академија Пандев. Станува збор за 27 годишен офанзивен играч за врска кој во својата кариера има играно за тимовите на Македонија ЃП и Тетекс
Во есенската полуетапа од прволигашкиот шампионат на Македонија, Кристија Стојкоски во дресот на Шкупи одигра 17 мечеви а и во три наврати се запиша и како стрелец и тоа против Ренова Силекс и Шкендија и се смета како одличен играч на кој може да сметаат многу прволигаши
Од Академија Пандев не ја исклучуваат можноста за пролетниот дел од Шампионатот да ангажираат и други фудбалери како од сопствените младински школи така и од други клубови. Академијата на Горан Пандев предводени од стратегот Југослав Тренчовски имаат 9 победи 3 нерешени исходи и 6 порази и со вкупно 30 бода се на третата позиција на прволигашката табела а обезбедија пласман во полуфиналето од Купот каде ќе играт со прилепска Победа
За пролетната полуетапа освен Стојкоски , Академија Пандев може да смета на услугите и на Стојанче Велинов кој има играно со Брегалница, Ренова, Работнички , Силекс а во Струмица допатува од Трепча Косово.
Во меѓувреме во Академијата се врати и Александар Мишов кој настапуваше за Тиквеш Кавадарци како позајмен играч каде имаше одлични партии и постигна 10 голови.