Овој викенд работни единици од одделението “Механизација“ при Јавното претпријатие “Комуналец“ отпочнаа активности во врска со оформувањето на влезот во град Струмица. Се отпочна кружна крстосница на пат М6 со ул,,Ленинова,, и ул,,Климент Охридски,, Ке се изврши оформување на зелениот појас врз основа на Главниот проект на раскрсницата. Исто така ќе се изврши дополнително осветлување со поставување на улични светилки на сите четири страни на пристап спрема кружниот тек. Ке се изврши и хортикултурно уредување на целиот тој простор. Во текот на минатиот ден на терен излегоа Градоначалникот на Општина Струмица Коста Јаневски и директорот на ЈПКД “Комуналец“ Зоран Горѓиев.