• Sun. Nov 24th, 2024

ОТСТАПЕНИ ДВЕ ВОЗИЛА ЗА ПОЖАРНИКАРИТЕ ОД ГЕВГЕЛИЈА.

Дирекцијата за спасување и заштита во соработка со Владата на РМ,денеска на ТППЕ од Гевгелија и отстапи на времено користење едно теренско возило и едно возило за брза помош со што се зголемува ефикасноста на пожарникарите. Овие возила ќе бидат во ТППЕ Гевгелија во летниот период, се до крајот на месец октомври, по што ќе се направи анализа на нивната искористеност. Исти вакви возила се отстапени и на ТППЕ на Валандово, Кичево, Битола и Куманово.

Во посета на единицата за противпожарна заштита беше и градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков кој истакна дека особено неопходно било теренското возило кое овозможува брза интервенција на пожарникарите во урбана средина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *