Откупните цени на црвените пиперки во струмичко исти како и минатата година иако производствените трошоци се зголемени заради високите цени на горивата и ѓубривата. Земјоделците реагираат дека ќе работат во загуба. Во струмичкиот регион на добар дел од пунктовите почна откупот за извоз а допрва се очекува да се интензивира бербата и откупот за конзервно преработувачките капацитети.