• Fri. Nov 22nd, 2024

Откупната цена на зелката до 20-ти април – минимум 15 денари за килограм

Откупната цена на зелката до 20-ти април ќе биде минимум 15 денари за килограм, ова денеска беше договорено на состонакот што министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димовски, го одржа со откупувачите на зелка. Ваквата одлука е поради вонредната состојба и последиците од појавата на коронавирусот врз секторот земјоделство, соопшти Министерството за земјоделство 

Државниот инспекторат за земјоделство, во овој период ќе врши засилени контроли, со цел да нема манипулиции со договорената минимална цена.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е во постојана комуникација со производителите, откупувачите и извозниците на сите земјоделски производи, со цел да има непречен извоз.

 

МЗШВ како и досега, продолжува да ја следи состојбата со коронавирусот и последиците врз земјоделскиот сектор, доколку има потреба ќе се наоѓаат решенија преку интервентни мерки а со цел да го заштитиме земјоделството

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *