Прехрамбена индистрија, дрвопреработувачка,градежна се само дел дејностите на компаниите кои денес се претставија на Саемот во Струмица .30 компании кои реално имаат потреба од вработувања денес им ја понудија на невработените лица кои беа дел од струмичкиот саем кој е во организација на Агенцијата за вработување.Меѓу невработените беше и Иван Николов од Старо Коњарево лпј 10 тина години не е вработен но не ја губи надежта дека токму денес некоја од присутните компании ќе му понуди вработеување.Тој е телесен инвалид , но има високо познавање од информатичката дејност.
Во Струмица во моментов има околу 3 илјади активни баратели на работа во агенцијата за вработување , но и околу 8 илјади лица кои се пасивни,без стручни квалификации и дополнителни насоки во одредена област.Во Струмица по втор пат се организира саем за вработување а искуството од предходниот пат е како што велат надлежните , дека се работно се ангажирани задоволителен број баратели на работа токму од овиј вид на отворена понуда – односно- Саем за вработување.
Саемот е отворен од 10 до 14 часот денеска.