• Sun. Nov 24th, 2024

Отворен ден во Основен суд Струмица

 

            По повод Европскиот ден на граѓанската правда, 25-ти Октомври , кој ден се одбележува во сите држави во Европа, па и во Република Северна Македонија, во петок 25- ти Октомври од 10 часот во Основниот суд Струмица ќе има отворен ден за граѓаните. Целта е правдата да се доближи до граѓаните и истите да бидат запознаени со нејзиното спроведување на тој начин обезбедувајќи широк пристап до правдата и за граѓаните и за пошироката јавност. На денот на одбележувањето на Европскиот ден на граѓанската правда, граѓаните ќе имаат можност одблизу да бидат запознанеи со нивните основни права и нивниот пристап во Основниот суд Струмица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *