Останува да важи одлуката, градинките да работат со намален капацитет на деца.
Од следната недела се очекува попуштање на рестриктивните мерки ако трендот на намалување на заразата со коронавирусот продолжи да опаѓа. Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека денеска има околу 300 новодијагностицирани пациенти и дека се намалува притисокот врз болниците. Тој посочи дека имало барање за отворање на теретаните и зголемување на бројот на деца во градинките. Сепак според Комисијата, се’ уште е рано за тоа.
Ако трендовите продолжат во оваа насока, следната недела ќе имаме попуштање на рестрикциите“, додаде Филипче. Полицискиот час од денеска почнува во 23 часот, а ќе трае до 5 часот наутро. Оваа мерка ќе биде во сила до 15 мај.