• Fri. Nov 22nd, 2024

Османи: Изборите ќе зависат од ставот на Владата за вонредната состојба

Ставот на Владата за вонредната состојба заедно со мислењето на Комисијата за заразни болести за состојбата со пандемијата ќе бидат одлучувачки за датумот за одржување на изборите.

Ова го изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, прецизирајќи дека владиниот став ќе биде познат до петок, кога завршува вонредната состојба.

Во однос на ДУИ, Османи посочи, дека партискиот став се заснова на два основни принципа, од кои првиот е дека здравјето на граѓаните е пред сѐ и второ дека консензусот е важен за одржувањето на избори, пренесува Макфакс.

Тој рече дека до петок ќе се направи пресек на трендовите, и ќе се разгледа мислењето на Комисијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *