Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска во Копенхаген ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Данска, Јепе Кофод.
„Покрај билатералните односи, централна тема на средбата ќе биде европското досие на земјава, политичките актуелности во земјата, постигнатиот напредок во клучните реформски области, но и добрососедските односи, како и обезбедување поддршка со јасна цел имплементација на одлуката за почеток на преговорите од страна на Советот на ЕУ од март минатата година, преку усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата Меѓувладина конференција“, соопшти МНР.
Во текот на денот, Османи ќе има средба и со Жан Елерман-Кингомбе, државен секретар во Кабинетот на премиерката Фредериксен.
За време на посетата на Копенхаген, министерот ќе има состаноци и со повеќе наши граѓани, како и со претставници на повеќе здруженија на дијаспората.