Викарниот епископ Јаков Стобиски ја освети Црквата Св. Спас во Ангелци. Со благослов на владиката струмички г.Наум, владиката Јаков во сослужение на свештеници од струмичката епархија одржа божествена литургија и го освети овој храм кој се градеше изминативе години
Црквата Св Спас во Ангелци е со површина од 140 квадратни метри. Почна да се гради пред речиси една деценија. По изградбата на храмот, жителите на Ангелци се организираа и изградија помошни простории а од пред некоја година изградена е и камбанерија на Црквата