Вкупниот износ на пријавени обврски на општините до Министерството за финансии заклучно со декември минатата година изнесува 53,7 милиони евра, открива Државниот завод за ревизија во Извештајот што го објави а го пренесе новинската агенција Мета.
Ревизорите утврдиле дека во декември 2019 година, 12 од вкупно 81 општина во земјава биле со блокирана сметка. Вкупниот износ на доставени налози за извршување во Министерството за финансии изнесувал 21,1 милион евра или 40 отсто од вкупно пријавените обврски на општините, од кој 14,5 милиони евра или 67 отсто се по основ на главнина, а останатите се за камати и други трошоци.