• Fri. Nov 22nd, 2024

Општините бараат решение за високите сметки за улично

ByВане Трајков

Feb 14, 2022

Ова недела општините преку ЗЕЛС ќе барат решение за високите сметки за потрошена електрична енергија кои ги добиваат од октомври минатата година па досега. Општините кои се на слобдниот пазар веќе добиваат огромни сметки додека состојбата не е толку драматична во општинтие кои сеуште се под договор со одредени економки оператори во кои однапред е утврдена цената.

Поголемиот дел од општините сеуште ги немат добиено јануарсктие смекти но од нашите контакти дознаваме дека тие ќе бидат поголеми од декемвриските. Градоначалникот на Струмица во интервју за канал ВИС кажа дека месечната сметка достигна до 75 илјади евра. Првиот човек на Раодивш ацо Ристов посочи дека во моментов плаќаат по 28,5 денари за киловат што е речиси десет пати  повеќе од она што се плакало во септмеври. Тој месечно плаќа околу 45 илјади евра. Толкави се сметктие и на Гевгелија каде уште во неоември економскито оператор што ги снабдувањше со струја го раскина договорот Договор нема ниту општина Василево  за декември сметката им е околу 14 илјади евра. Околу 10 е сметката на Дојран.

Од овие општини веќе по неколку пати  распишуваат јавни набавки согласно законот но ниту една компанија не се јавува па истите пропагаат. Три месеци може да бидат на универзалнито снабдувача но потоа ќе мора да плаќаат и повисоки сметки

Нешто постабилна е осстојбата и нема големи осцилации кај општините кои имат договори. Босилвоо, Богданци, Ново Село, Валандово. Но сепак договорите им истекуваат веке следниот месец или во април иако за дел од установите кои се под нивна капа веќе добиваат поголеми сметки

Дел од граодначалниците кои ги контактиравме најавуваат рестиркии на уличното бидејки големиот дел од буџетот ќе оди само за сметки за потрошена електирчна енергија. Други пак бараат општините да плакаат цена за потрошена електрична енергија како домакиснтвата бидејки јавното осветлување  е з асите граѓани

Состанокто на ЗЕЛС треба да дефирнира со кои мерки ќе излезат градоначалниците и кои ќе бидат барањата што ќе ги упатат до Владата

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *