• Fri. Nov 22nd, 2024

Општина Струмица објави конкурс за награди „Св.Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици“

К о н к у р с
за доделување на Годишна награда и животно дело на општина Струмица „Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици”

1. Годишната награда на општина Струмица “Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици” се доделува како признание на општина Струмица на правни и физички лица од општина Струмица, Република Македонија и други држави како и на меѓународни организации и асоцијации и нивни претставници за посебни остварувања во: стопанството, науката, уметноста, културата, воспитувањето и образованието, здравствената заштита, социјалната заштита, спортот, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и сите други сегменти од животот, што дале посебен придонес за развој и афирмација на општина Струмица во Република Македонија и пошироко.

2. Годишната наградата се доделува за остварувања реализирани во период од една година, сметано од завршувањето на огласот и за остварувања во период подолг од десет години како награда за животно дело.

3. Наградата на поедници и група творци се состои од диплома, плакета со грбот на општина Струмица, бронзен медал со ликот на „Св. Петнаесет Тивериополски
Свештеномаченици” и паричен износ.

4.Наградата на правни лица се состои од диплома, плакета со грбот на општина Струмица и бронзен медал со ликот на „Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици” .

5.Наградата на лица од други држави, како и на меѓународни организации и асоцијации или на нивни претставници, се состои од диплома, плакета со грбот на општина Струмица и бронзен медал со ликот на “Св. Петнаесет Тивериополски
Свештеномаченици” .

6.Наградата за животно дело се состои од диплома, плакета со грбот на општина Струмица, бронзен медал со ликот на “Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици” и паричен износ.

7. Право за предлагање на кандидати за наградата имаат: научни, стручни,стопански и други организации и заедници и граѓани – поединци.

8.Предлозите за награда треба да содржат: биографија на лицето или организацијата што се предлага со детално образложение на постигањата, заради кои се доставува предлогот.
Предлогот треба да биде поткрепен со соодветна документација.

9.Предлозите во 6 (шест) печатени примероци се доставуваат на адреса:
Комисија за опшествени дејности при Советот на општина Струмица со назнака за Годишна награда или животно дело, Струмица, лично во архивата на општина Струмица, или по пошта на адреса: Општина Стрмица ул.”Сандо Масев” бр. 1 Струмица.

10. Конкурсот трае заклучно со 27 ноември 2017 година. Предлозите доставени по истекот на рокот наведен во конкурсот нема да се разгледуваат.
Предлагачот е потребно да го наведе својот полн назив, адреса и телефонски број.

Формулар за конкурирање може да се подигне во архивата на општина Струмица или да се најде на веб страницата www.strumica.gov.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *