• Sat. Nov 23rd, 2024

Општина Струмица започнува со креирање на програмите за реализација од буџетот за 2024 година

ByЃ. K.

Nov 2, 2023

Од утре 03.11.2023 година Општина Струмица започнува со креирање на програмите за реализација од буџетот на општина Струмица за 2024 година.

Со почеток во 18 часот во новоотворениот Младински центар во општинската зграда ќе се одржи Првата форумска сесија која е во реализација на програмата Форуми во заедницата – Буџетски форум во општина Струмица 2023/2024 година.

„Ве поканувам на активно учество во изборот на приоритетните проекти во новата буџетска година. Ајде заедно да си ја направиме Струмица по наша мерка, да си ја направиме заеднички дом во кој ќе си имаме прогресивен развој и квалитетен живот“, стои во објавата на градоначалникот Костадинов.

By Ѓ. K.