• Sat. Nov 23rd, 2024

Општина Струмица годинава симболично ќе украси за празниците – каде ќе одат средствата утре ќе се одлучува

Општина Струмица нема да украсува за новогодинешните празници како претходните години. Годинава китењето на градот ќе биде само симболично, велат од општината. Традицијата на светкава атмосфера нема да се прекине целосно, но украсувањето е планирано да е минимално.

Утре Советот на општина Струмица на седница ќе го разгледува токму ова прашање и ќе се одлучи каде и како ќе се распределат средствата. Лани општината потроши околу 2 милиона денари за празничниот изглед.

Оваа пандемиска година, иницијативи за кратење на локалните буџети во овие ставки има во повеќе градови во земјава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *