• Fri. Nov 22nd, 2024

Општина Радовиш започна со уредување на кејот на Ораовичка река

ByЃ. K.

Jul 29, 2023

Едно од приоритетните барања на жителите на Ораовица беше уредувањето на кејот на Ораовичка река.

Благодарение на одличната соработка со Рудникот „Бучим“, потпишувањето на Договорот за донација и спроведувањето на потребните постапки, денес фирмата-изведувач „Техника“ ги започна градежните активности околу уредувањето на самиот кеј.

Оваа активност, во должина од 140 метри е всушност првата фаза од целосното уредување, почнувајќи од влезниот мост кон горниот тек на Ораовичка река.

By Ѓ. K.