• Sun. Nov 24th, 2024

Општина Гевгелија со 9 милиони денари ќе го помага спортот годинава

Гевгелија ќе издвои девет милиони денари од општинскиот буџет за развој на спортот. На објавениот јавен повик за финансирање на спортските активности во општина Гевгелија во 2018 година биле поднесени 29 апликации од здруженија на граѓани, училишни спортски сојузи и физички лица, од кои 25 се прифатени за финансирање. Станува збор за финансиска поддршка на спортските клубови во фудбалот, кошарката и ракометот, но и организираните турнири и спортски манифестации, кои со години по ред привлекуваат голем број млади луѓе или пак промовираат нови спортови.

Општината финансиски ќе ги поддржува училишните спортски клубови во ООУ„Владо Кантарџиев“ и во ООУ„Крсте Мисирков“, како и во СОУ„Јосиф Јосифовски“. Потоа, планинарското друштво „Кожув“, кое минатата година ја доби наградата „Даре Џамбаз“, здружението за гимнастика „Аталанта“, тенискиот клуб „Круна“, мото клубот „Ретки птици“, риболовно друштво, кик бокс клуб и за прв пат годинава „Гевгелија-опен-натпрварот во параглајдинг“, кој ќе се одржи на падините на кожуф пшланина. Поточно, спортски активности кои придонесуваат за афирмација на нови спортови и манифестации, а кои вклучуваат поголем број млади луѓе.

Инаку, од општинскиот буџет годинава за КК„Кожув“, чиј акционер е општина Гевгелија, ќе бидат издвоени 3,5 милиони денари, а за ФК„Кожуф“, кој се натпреварува во Втората македонска фудбалска лига 2,5 милиони денари. По 700.000 денари ќе бидат издвоени за активностите на РК„Партизан“, кој се натпреварува во Првата машка ракометна лига на РМ и ЖРК„Гевгелија“, кој се натпреварува во Супер женската ракометна лига.

Со новата Програма за финансирање на спортските активности финансиски ќе бидат поддржани спортските манифестации Отворени забавни фудбалски школи,турнирите во мал фудбвал „Богородица 2018“ и „Тихо“ во Миравци и Фудбалската школа за млади во истото населено место, како и турнирот во кошарка „Гевдион“ во Гевгелија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *