Во првото тримесечие од 2019 година во Основниот буџет
на општина Гевгелија остварен е досега највисок процент на реализираните приходи. Тоа го потврдува Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Гевгелија за периодот јануари-март 2019 година. Имено, од планираните 275.678.228 денари приходи во основниот буџет за 2019 година се остварени 101.833.262 денари или 36,94%. Од вкупно реализираните приходи во првото тримесечие 39.654.864 денари се тековни приходи, 60.627.131 денари се приходи согласно Законот за финансиска поддршка на единиците на локалната самоуправа и 1.551.267 денари се наследени приходи..
Во истиот период остварени се 47.891.264 денари приходи од дотации од вкупно планираните 248.749.372 денари или 19,25%, потоа, приходи од донации 1.373.410 денари или 4,55% од планираните 30.179.278 денари, како и 3.250.937 денари приходи од самофинансирачки дејности или 17,14 од планираните 18.967.500 денари. Ваквите остварувања придонесоа процентот на остварување на приходите од вкупно проектираниот буџет на општина Гевгелија во 2019 година во вкупен износ од 627.074.698 денари, во првото тримесечие од годината да изнесува 26,61%. Односно, биле реализирани 166.860.014 денари од кои тековно оперативни приходи се 163.082.942 денари, а капитални приходи 3.777.072 денари.
Во првото тримесечие биле реализирани вкупно 152.147.651 денари расходи. Од овој износ на расходи 87.386.838 денари биле тековно оперативни расходи, а 64.760.813 денари биле капитални расходи.Кварталниот извештај се најде на дневен ред на 26.седница на Советот на општина Гевгелија, кој по обемната расправа го усвои.ај.
-За прв пат, во последните осум години, имаме ваков висок процент на остварување на приходите во основниот буџет во еден квартал. Точно е дека капиталните расходи се мали, но, треба да се има предвид дека не можеме да продаваме градежни парцели и остваруваме приходи, без да ги обезбедиме основните комунални предуслови, рече градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков во своето обраќање пред советниците, укажувајќи на преземените активности за финансиска консолидација.
-Пред извесно време десеттина инвеститори на индивидуални станбени објекти во Караорман доставија петиција, а имав и средба со нив, реагирајќи дека пред две-три години купиле градежни парцели на објавениот јавен повик од општината, платиле комунален надомест, но не можат да се вселат во новоизградените куќи. Едноставно, немаат ниту вода за пиење, ниту приклучок на канализационата мрежа, иако, уредно и навреме платиле за комуналии, но, очигледно парите завршиле за друга намена. Моја заложба е да продаваме градежни парцели во станбените населби, откако ќе ја изградиме комуналната инфраструктура, а паралелно да ги донесеме урбанистичките планови за центарот на градот и другите инфратсруктурно-уредени простори. Со реализираните приходи од продажбата на парцелли во овбие урбани блокови инфраструктурно да ги уредуваме и другите делови во градот, рече градоначалникот Поцков, нагласувајќи дека повеќе нема да се толерира недомаќинското работење.