• Sat. Nov 23rd, 2024

Општина Валандово формираше солидарен фонд за да им се помага на граѓаните на кои им треба помош

ByВане Трајков

Feb 27, 2018

На шестата седница на Советот на општина Валандово, одржана на вчера, на предлог на градоначалникот Перо Костадинов, советниците изгласаа иницијатива за основање на “Општински солидарен фонд”.

“Општинскиот солидарен фонд”, се основа со цел квалитативно подобрување на социјалните прилики во општината, поттикнување на солидарноста во заедницата и зголемување на транспарентноста при трошењето на општински средства за истата намена.

“Солидарниот фонд”, ќе одговара на потребите на граѓаните со полоша финансиска состојба, за нивно лекување во нашата државата и странство, како и за поефектно неутрализирање на социјалните ризици и предизвици. Со фондот ќе раководат тела во чие управувањето би влегле индивидуи од различни општествени групи и со различни професионални занимања.

Средствата за солидарниот фонд би се обезбедиле од буџетот на општина Валандово и од општествено одговорни физички и правни лица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *