Општина Валандово распиша тендер за уредување на паркот кај маркетот пред семафорите во Валандово. За таа намена ќе бидат потрошени до 105.000 денари.
При уредувањето планирано е да се направат патеки за пешаците, фарбање на бетонот и жардињерите во црвена боја, поставување на 4 клупи за седење, а како декор во паркот ќе бидат поставени и бели камења.