Општина Босилово најавува решавање на проблемот со канализационата мрежа и мрежата за собирање атмосферски води. Градоначалникот Зимбаков, смета дека кога станува збор за третманот на отпадните води, работите во општината се на самиот почеток. Вели дека постои документација, но не и изведбена реализација за отпадните води.
Зимбаков посочи, дека како локална власт ќе се фокусират и на решавање на проблемот со третман на атмосферски води, за превенирање на поплавите во дворовите и улиците низ населените места.
Во склоп на основите проекти за канализациони мрежи предвидени се и пречистителни станици, појаснува Зимбаков, додавајќи дека македонското законодавство не дава можност за изработка на систем без соодветна станица за прочистување на отпадните води.